Официјалните претставници на САД и Русија работат на постигнување договор што би ја запрел војната во Украина, а во кој би се потврдила руската контрола врз териториите што Москва ги окупирала од почетокот на инвазијата.
Според тие извори, во тек се подготовки за евентуален самит меѓу претседателот Доналд Трамп и Владимир Путин, планиран за следната недела, а Вашингтон се обидува да го обезбеди договорот на Украина и нејзините европски сојузници.
Путин, според Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите, бара Украина да ѝ го предаде целиот источен Донбас на Русија, како и Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.
Како дел од договорот, Русија се обврза да ја прекине офанзивата во регионите Херсон и Запорожје, останувајќи на сегашните линии на фронтот, наведуваат изворите на Блумберг, додавајќи дека договорот е сè уште во фаза на преговори и дека деталите може да се променат.
Во исто време, Украина бара безбедносни гаранции за какво било прекин на огнот, додека сојузниците повикуваат на одржување на економски притисок врз Русија преку санкции.
Трамп досега не презеде директни мерки против Москва, но оваа недела ги дуплираше царините за индиска стока на 50 проценти како одговор на купувањето руска нафта.
САД претходно понудија да го признаат Крим како дел од Русија како дел од евентуален договор, како и да отстапат контрола врз делови од други украински региони, додека контролата врз делови од Запорожје и Херсон би ѝ била вратена на Украина, забележува Блумберг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата