По доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД американската влада изнесе податоци дека стотици милиони евра американски државни пари преку УСАИД и други институции се потрошени за финансирање на “шарени револуции во светот“ за што владата на Трамп оцени дека е тоа подривање на легални власти во низа држави, споротивно на американското сфаќање на демократијата, дека се вршени корупции и на странци но, и од страна на американски државни службеници во тие трансфери и дека е вршено фиансирање на незаконски проекти поради што владата на Трамп таквите финансирања ги укина а организациите кои тоа го спроведувале ги затвори или рефиормира за други цели.
Во сослушувања и анализи пред Сенатот и Конгресот се спомнуваа случаи и од Македонија, со документи и имиња на македонски новинари и невладини активисти.
Симболот на крвавата тупаница низ целиот свет е тесно поврзан со дејството на обоената (шарената) револуција, која има за цел да го дестабилизира и уништи државниот систем во кој се активира. Најтешки последици остави “Евромајдан“ шарената револуција во Украина, со државниот удар во 2013-14 година по која во 2014-та следеше внатрешна граѓанска војна помеѓу власта и руското малцинство во Украина. Демострантите “демократски“ наречени “Евро Мајдан“ од една но, и противниците на демонстранстите наречени “Антимајдан“.
Протести или Евромајдани со поддршка на “шарената револуција“ во Украина беа паралелно организирани почнувајќи на 24 ноември 2013-та од страна во државите како Полска, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шведска, Австрија, Чешка, Бугарија, САД и Канада.
На 9 декември, Интерфакс Украина јави дека “делегација од Европската унија е присутна на демонстрациите на плоштадот Мајдан „надгледувајќи ги случувањата таму“.
Според податоците на R&B Group во тоа време 49% од јавноста го поддржувале Евро Мајдан и “шарената револуција“, а 45% биле против нив. Избива вооружена побуна против државниот удар и најава на нови избори пред кои е уапсен прорускиот кандидат Михаел Добкин, судири пред се во областите Одеса, Доњецк, Луганск и Харков... Евро Мајдан формира паравоени единици како Десен сектор, проруските области свои паравиоени единици и граѓанска војна почнува. Никој досега не објавил точни и докажани податаоци колку жртви имало во судирите во 2013-2014 година, а се проценуваат на најмалку 15.000 луѓе. Се понатаму е веќе познато.

Следат нови “шарени револиции“. Во тој регион скорешната, ланска, “шарена револуција“ во Грузија која не успеа да ја собори тамошната избрана власт. Претседателката на Грузија Саломе Буравишвили која е француска државјанка и соработник на Збигњев Бжежински, советник во американските влади на Реган и Џими Картер, силно поддржана од ЕУ, по изборите не ја призна избраната власт на партијата “Грузијски сон“ во 2023, а потоа ни претседателските избори во 2024 кои ги доби Михаел Кавелашвили и повика на протести кои се случија. Први на протестите, стандардно, се појавија средношколци и студенти, а потоа се појавија и лица организирани во насилни групи како и дојдени од други држави.
За разлика од Украина, во Грузија немаше вооружени судири, формирање паравоени единици на двете спротиставени страни. Европската унија која во 2023 година на Гризија и додели статуис кандидат за приклучување својата одлука ја повлече, а новата гризиска власт, по протестите реши да го замрзне своето барање за членство во ЕУ до 2028 година.
Зубарашвили ја напушти Грузија која денес живее во мир и води своја автономна политика на дистанца од влијание како од Москва така и од Брисел. Шарената револуција не уипеа но, еден детал виден во Грузија, истакнувањето крвава дланка на протстеите остана белег на “шарените“ каде и да се обидувале од улица да менуваат власт.

Крвавата тупаница и крвавата дланка, симболот на обоените (шарени) револуции одблиску ги гледаме сега во Србија со блокадите повеќе од десет месеци, беше видена низ целиот свет. Шемата е иста, како и кај сите “шарени револуции“, последна иницијатива на српските блокадери, по неуспешните десетмесечни демонстрации, блокади и насилства, е јавниот повик да се делува како во Непал.
Првичната причина, загинување на 15 лица од пад на настрешница на железничката станица во Нови Сад веќе никој не ја спомнува. Се бара власт без избори или избори кои ќе ги организираат блокадерите, отцепување на Војводина и признавање на Ксоово.
Во Португалија, во Лисабон, неодамна од пад на жичара загинаа 21 лице но, “шарена револуција“ немаше. Во Португалија се уште не се созреани за “демократија“.
Како се ширеа и кои последици донесоа “шарените револуции“?
Погледнете каде тие, само последниве 10-15 гдини, предизвикаа немири низ целиот свет со насилство и крв.

Непал
Крвавата “шарена револуција“ во Непал е тема број еден во светот, а на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат фотографии и видеа кои укажуваат на екстремни насилства, убиства и масовно уништување на државен и јавен имот, цивилни објекти, хотели, училишта... И истата шема: млади во првите редови, “борба против корупција“, а зад нив организирани групи насилници по што следат напади врз полицијата а потоа хаос, ограбување, кршење и уништување и барање власт без избори. Во Непал за 48 часа “шарена револуција“ загинаа над 30 лица од кои половина не во нередите туку во јавни, масовни убиства на политичките противници. Званично, пријавени се 22 убиства и десетина “исчезнати“.
Во јавноста низ светот се појавија снимки каде сопруга на поранешен премиер на Непал е втурната во нејзината куќа и потоа запалена заедно со куќата не дозволувајќи и да се спаси. Слично како што параполицискиот Десен Сектор во Украина во 2014 та натера педестина Атнимајдан противници на “шарената револуција“ да избегаат во синдикалниот дом кој потоа Десен сектор го запали и во него изгореа 48 лица.
„Крвавата дланка“ беше симбол на хаосот и во Непал, но и за време на протестите во Бангладеш, па дури и на Капитол Хил.
Крвавата црвена тупаница или дланка, симбол што се користи како порака за хаос, пресметка и повик за граѓанска војна, беше снимена и за време на немирите во Катманду. Овој симбол јасно укажува на рецепт што се користи, без модификација, во сите делови на светот за поттикнување хаос и спроведување обоени револуции.

Албанија: MJAFT
Оваа кореографија беше видена и во 2003 година во Албанија, кога невладината организација „MJAFT!“, што во превод значи ДОСТА, започна кампања против корупцијата со насилството. Оваа организација според наоди на комисијата за исптување на делување на невладините организации од САД со американски државни пари, меѓу кои и УСАИД, беше активирана и финансирана од странски пари, меѓу кои и американски средства, а симболот на крвавата рака многу брзо стана симбол на желбата за разбивање на државниот систем.
Американскиот медиум „Fox News“ пред неколку години коментираше за изјавите на поранешниот албански претседател Илир Мета, во кои тој го обвини Џорџ Сорос дека е вмешан во заговор со цел преземање на државните власти и дестабилизација на земјата.
„Албанскиот претседател го обвини милијардерот, левоориентиран Џорџ Сорос, дека е вмешан во локалните избори, кои ги нарекува „фарса“, дел од заговор за преземање на сите врски на албанската држава“, американските медиуми го цитираа тогашниот претседател Мета, и објаснија дека претседателот „не доставил никакви докази за да ги поткрепи овие обвинувања“.

Но, на видео снимката се гледа како Џорџ Сорос лично се обраќа на состанок на организацијата MJAFT!, пред симболот на крвавите дланки.
Македонија
Крвавата рака е позната и како модел на „шарената револуција“, што беше забележано и во Македонија за време на „Шарената револуција“ во 2015-2017 година, за која во македонската јавност, за нас, се веќе познато: и мотивите и последиците а и финансирањето кое се докажува и од истрагите на властите во САД по доаѓањето на Доналд Трамп за претседател.
Состојбата дека новинари и дел од лидерите на “шарената револуција“ денес се откажуваат од неа и се трудат да ја исперат својата биографија и да ги сочуваат привилегиите и статусот не ги менува фактите и односот на историјата кон овој државен удар со кој СДСМ презема власт без победа на избори, без 61 глас во Собранието за нов состав и влада, власт која апсеше пратеници на ВМРО ДПМНЕ па ги ослободуваше ако гласаат за промена на уставното име...
Исто така, во 2025 година, симболот на крвавата рака повторно се појави за кратко време во Македонија кога локално беа организирани протести во врска со трагедијата во Кочани, а во кои пропадниците на “шарената револуција“ видоа можност трагедијата на семејствата да ја претворат во своја шанса за политичка афирмација.

САД: Капитол Хил
Познатата крвава рака беше видена и во февруари 2025 година во Вашингтон, во Капитол, на градите на отпуштените работници од Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) и нивните активисти, кои во револт се тркалаа по мермерните сали на американскиот законодавен дом сè додека полицијата не ги исфрли, а дваесет од нив беа приведени.
Претходно, тие скандираа „Рацете на Конгресот се крвави“.

Поранешните вработени во УСАИД и нивни поддржувачи се спротивставија на одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, со која беа откажани повеќе од 90 проценти од договорите за странска помош и 60-те милијарди долари што оваа Агенција ги имаше наменето за тие цели. А дел од целите, според властите во САД, им биле организација и плаќање на “шарени револуции“ во други држави.
Резултатот од тие мерки е дека 4.080 вработени кои работат низ целиот свет беа испратени на “одмор“, а дополнителни 1.600 луѓе беа отпуштени.
Франција
За време на демонстрациите во поддршка на палестинскиот народ, во Монпелје, Франција, на 11 ноември 2023 година, луѓето носеа маски со ликот на францускиот претседател и ги покажуваа црвено обоени “крвави“ раце. Француската полиција делуваше брзо со примена на прилично голема физичка и техничка сила, тепање и апсење од рано наутро, покажувајќи нулта толеранција кон блокадите.

Истото се повторува и деновиве, на протестит закажани од 10 до 18 септември, само во првиот ден на протестите уапсени се околу 800 демонстранти и применета крајно груба сила од полицијата.
Движењето, наречено „Bloquons Tout“ (Да блокираме сè), беше создадено ова лето како протест против намалувањето на буџетот за социјални давачки од страна на владата на премиерот Франсоа Бајру, која предвиде значителни заштеди до 2026 година.
Крвавите раце и стиснтите тупаници, симболи на “шарените револуции“ влегоа и во Европската унија. Европа, која секогаш и секаде каде и да се појавуваа “шарените револуции“ даваше финансиска и политичка поддршка се соочува со сопствената идологија на насилна промена на власта во сопствениот дом. За протестите во Франција и Германија сметаат дека се недозволиви, но не и за демонстрациите во Словачка со пукање во премиерот Фицо, или во Унгарија кои левичарските власти во европските држави ги сметаат за демократски и за “легитимни“.
Она што левичарите во Брисел го поддржуваа сега го смета за државен удар кога го гледаат кај себе. А се почна со падот на комуизмот и “шарените револуции“ плаќани од Запад во државите на некогашниот советски блок, од Полска до Унгарија, низ цела поранешна Југославија.
Во поддршка на “шарената револуција“ во Полска во осумдесттите, од кои и почна серијата, тамошната “Солидарност“ со Лех Валенса за преземање на власт со демонстрации и масовни штрајкови се вклучи дури и Карол Војтила од Полска, познат како Папа Јован Павле Втори, случајно или намерно избран за Папа само две години пред синдикалната “шарена револуција“ во Полска.
Тогашниот полски претседател Јарузелски на состанок со Лех Валенса му приговорил дека сето тоа го прави со странски пари, на што Валенса одговорил: „Не мораме само да земаме долари. Можеме да земеме пченка, ѓубриво, сè е во ред. Го правиме тоа за да го ослабиме непријателот“. Во 1093 Валенса доби Нобелова награда за мир. Стана претседател на Полска од 1990-1995.

Шарените револуции, роматично крстени обиди за државни удари и преврати со странска организацаја, не го заобиколија ни Блискиот исток а потоа и на Далечниот исток: во “јасминовите револуции“ за “реформи“ паѓаа во серија - Тунис (2010), Либија (2011), Јемен (2011) Сирија (2011), Ирак (2014), Египед (2011 и 2013), Јордан (2011)...
Индонезија, Бангладеш, Бурма (Мјанмар), Непал... последниве години поминуваа и поминуваат низ “демократски“ процеси и “реформи“ низ “шарени револуции“ против диктаторските власти.
Резултат: Потрошени стотици милијарди западни пари на “шарени револуции“ за контрола над други држави и користење на нивните природни и економски богатства и стратешки позиции. стотици иљади загинати и десетици милиони раселении, протерани од своите домови и држави.
Холивуд снима филмови за “ширење на демократијата“ а социјалните мрежи под силна контрола создаваат слика за “добрите“ и “лошите“. Новите наметнати власти по “шарените револуции“ генерираат корупција затоа што се донесени по задача и имаа силна поддршка и заштита од Брисел и Вашингтон додека ги исполнуваа задачите.
И се тече по план, се редат работите. За тоа време некоја Кина своите стотици и иљади милијарди ги инвестира во економија, метероски брз развој, наука и фианансиски вложувања во светот и дојде денот кога инвестициите во “шарени револуции“ покажуваат огромни загуби и штети, а Кина станува конкурент за кој нема решение, а нема ни опции за “шарена револуција“ во Пекинг.

Погледнете ги фактите, бројките од извештајот за миграција, најголем од Азија, Блискиот исток и Африка, во Европа од 2011 година кога започнуваат “јасминовите шарени револуции“ па до денес. То не е скок, тоа е инвазија во Европската унија која се соочува со бегалците од државите во кои и ЕУ поддржуваше “револуции“ и војни.
Европа се полни со Азијати и беглци од Блискиот исток кои пребегуваат во богатата Европа откако кај нив “шарените треволуции“ предизвикаа жртви, урнаа државни системи, разурнаа економија и систем. Доаѓаат очајници без иднина и имот кои не бираат средства за опстанок бидејќи друга опција немаат, а европјаните се шокирани од резултатот на “шарени и јасминови револуции“ кои сега им се вратија дома, во нивните градови.
Само од Либија, Ирак и Сирија во Европа има над три милиони регистрирани бегалци и доселеници, а според извештаи на Евростат од 1 јануари 2024 година, во ЕУ живееле приближно 29,0 милиони граѓани кои не се државјани на ЕУ и 14,0 милиони граѓани внатрешно раселени на ЕУ, што вкупно изнесува околу 43,0 милиони „странци“. Вкупното население на ЕУ било околу 449,3 милиони. Доплнително, во однос на наведената бројка на бегалците, од декември 2024 година, околу 4,4 милиони луѓе раселени од инвазијата на Украина добивале привремена заштита во ЕУ, а бројот на луѓе на кои им е доделен статус на заштита во 2024 година изнесувал 387.635.
Тоа се регистрирани мигранти, а колку се илегални, нерегистрирани? Само во Франција, проценки се дека има над милион нерегистрирани мигранти од Азија, Африка и Блискиот исток.
Европјаните, особено левичарите, афирмираат еднополови бракови, семејства без деца... Нациите им стареат а дојденците од Африка, Блискиот исток и Азија се млади, со многу деца, иднината е пред нив.
“Шарената револуција“ се врати дома, кај своите автори. Во Европа. Цената, и во пари и во стабилност и мир, за тоа “враќање дома“ е видлива и скапа, а сметките допрва ќе стасаат и никакво европско заплшување на домашното население со некоја европска војна не може да го сврти вниманието од хаосот во куќата и иднината која е се помалку извесна и сигурна и без војна во Европа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата