Маж кој носел тибетско знаме се самозапалил пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а подоцна им подлегнал на тешките изгореници, соопштија американските власти.
Полицијата интервенирала по повик на бројот 911 околу 18:30 часот, кога на местото бил пронајден 52-годишен маж со тешки изгореници по целото тело, соопшти Полициската управа на Њујорк.
Тој веднаш бил пренесен во болница, каде што подоцна починал.
Полицијата води истрага за околностите на трагичниот настан, а засега не е познато што го навело мажот да се самозапали.
Неговиот идентитет сè уште не е објавен, бидејќи неговото семејство не било официјално известено.
Портпарол на Обединетите нации изјави дека инцидентот се случил по завршувањето на сите планирани активности за денот и дека работата на организацијата не била нарушена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата