Игор Солај (43- e осуден на доживотен затвор за убиството на неговата сопруга Франческа Деида (42) во Сардинија, Италија.
Откако повеќе од шест месеци тврдеше дека е невин, Игор Солај, возач на камион, ја призна својата одговорност. Франческа Деида исчезна од малото гратче Сан Сперате, оддалечено околу 200 километри од Каљари, на 10 март минатата година, а нејзините останки беа пронајдени на 18 јули во торба на селски пат.
Нејзиниот сопруг со недели се преправал дека е таа, одговарал на загрижени пораки од пријатели и роднини, па дури и испраќал е-пошта на работодавачот во која ја објавува својата оставка во нејзино име. Станува збор за низа стратегии што Солај ги имплементирал во обид да го скрие злосторството, но истражителите не биле убедени во оваа верзија.
Потрагата по неа траела со недели, а потоа дошло до ужасно откритие – човечки остатоци биле пронајдени во торба под дрво – било потврдено дека станува збор за Франческа.
Сопругот обвинет за тешко убиство и прикривање на трупот продолжи да тврди дека е невин. Карабинерите од научниот оддел ја пребарале куќата што жената ја делела со својот партнер и пронашле траги од крвта на Деида на софата.
Франческа Деида била убиена од остар удар во десната страна од челото, нанесен со тап предмет.
Освен смртоносната рана на десната страна од челото, на нејзиното тело не се пронајдени други траги.
Според можна реконструкција, жената можеби била убиена од еден удар во челото, нанесен со тап предмет додека спиела, можеби на каучот во куќата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата