Авион на „Ер Индија“ се урна во близина на аеродромот Гуџарат во Ахмедабад, Индија. Полицијата потврди дека во авионот имало повеќе од 240 луѓе.
„Најмалку 242 лица биле во авионот што се урна“, потврди полицијата.
Несреќата се случила за време на полетувањето, објавија медиумите.
Авионот бил на пат кон Лондон, потврди „Ер Индија“.
„Летот AI171, кој сообраќаше на линијата Ахмедабад-Лондон Гетвик, беше вклучен во инцидент денес, 12 јуни 2025 година. Моментално ги утврдуваме деталите и ќе објавиме дополнителни информации што е можно поскоро“, објави Икс.
Првите снимки од несреќата се појавија на социјалните мрежи.
На нив можете да видите како густ, црн чад се крева кон небото, додека луѓето гледаат со неверица што се случило.
Засега нема информации за жртви, а службите за итни случаи се на местото на настанот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата