Најмалку 77 лица загинаа обидувајќи се да стигнат до шпанската енклава Сеута, откако дури 50.000 мигранти влегле на оваа мала територија од Мароко, пренесува „Скај њуз“.
Шпанскиот премиер Педро Санчез оцени дека станува збор за „повреда на територијалниот интегритет на Шпанија“.

Масовниот прилив на мигранти, кој се случи за само 24 часа, го преплави градот со околу 85.000 жители, предизвика политичка криза во Мадрид и доведе до поделени реакции кај другите земји-членки на ЕУ, вклучително и повици Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната за слободно движење.
Санчез, кој пристигна во Сеута во петокот наутро, изјави дека владата ќе ги искористи сите расположливи средства за да ја гарантира безбедноста на жителите на градот.
Тој за масовното преминување на границата ги обвини „мафиите за трговија со луѓе“, кои ја искористиле одлуката на Врховниот суд на Шпанија.

Судот неодамна пресуди дека лицата пресретнати на море додека се обидувале да влезат во Сеута или во другата шпанска енклава во Северна Африка, Мелиља, не можат автоматски да бидат вратени според посебни правила.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата