logo
logo
logo

Британски лорд бил ограбен во елитно летувалиште, кое важеше за најбезбедно

Vecer | 16.07.2025

Британски лорд бил ограбен во елитно летувалиште, кое важеше за најбезбедно

Непознати разбојници му украле часовник вреден неверојатни 300.000 евра во познатото летувалиште. Станува збор за луксузен модел на швајцарскиот бренд Richard Mille RM 07, кој ги краси рацете на светските милијардери, пишува Bild.

Лорд Дарзи, почитуван хирург и професор кој во 2007 година ја добил титулата Барон Денам, одмарал на јахта со пријателите. Според италијанскиот весник Il Mattino, тој бил ограбен за време на прошетка по елитната шопинг улица Виа Виторио Емануеле.

Двајца мажи му се приближиле, го препознале скапиот часовник и насилно му го грабнале од рака, по што избегале низ тесните улички на островот.

Полицијата брзо реагирала, а безбедносните камери го снимиле бегството на разбојниците. Сведоците тврдат дека на крајот зграбиле моторен чамец и избегале по море.

Градоначалникот на Капри, Паоло Фалко, изјави дека постои основано сомнение дека грабежот бил планиран и насочен кон британскиот лорд.

„Капри е безбедно и гостопримливо место, но се плашиме дека ова е добро испланирана акција. Овој срамен инцидент го шокираше целиот град. Не сме имале нешто вакво со години“, рече Фалко, најавувајќи зголемени безбедносни мерки за туристите.

За среќа, лордот Дарзи не е повреден во инцидентот, но останал видливо потресен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk