logo
logo
logo

Берлин сака да отвори германско- израелски истражувачки центар за сајбер безбедност

Vecer | 29.06.2025

Берлин сака да отвори германско- израелски истражувачки центар за сајбер безбедност

Германија планира да формира заеднички германско-израелски истражувачки центар за сајбер безбедност и да ја продлабочи соработката меѓу разузнавачките и безбедносните агенции на двете земји, изјави денес германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Германија е еден од најблиските сојузници на Израел во Европа, а Берлин сè повеќе се стреми да ја користи одбранбената експертиза на Израел за да ги подобри сопствените воени капацитети и придонеси кон НАТО.

„Само воената одбрана не е доволна за овој безбедносен пресврт. Значително зајакнување на цивилната одбрана е исто така клучно за зголемување на целокупните одбранбени капацитети“, рече Добриндт за време на неговата посета на Израел, објавува Ројтерс.

Пристигна во Израел вчера

Добриндт, кој беше назначен минатиот месец од новиот германски канцелар Фридрих Мерц, пристигна во Израел вчера.

Според Билд, Добриндт презентираше план од пет точки насочен кон воспоставување на таканаречените „кибернетски куполи“ за Германија, како дел од пошироката стратегија за кибернетска одбрана.

Претходно денес, баварскиот премиер Маркус Зедер повика на купување на 2.000 пресретнувачки ракети за опремување на Германија со систем сличен на израелскиот „Железен купола“, систем за ракетна одбрана со краток дострел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk