logo
logo
logo

Белата куќа ги обвинува демократите за манипулација со фотографии на Епштајн

Vecer | 13.12.2025

Белата куќа ги обвинува демократите за манипулација со фотографии на Епштајн

- Администрацијата на претседателот Доналд Трамп направи повеќе за жртвите на Џефри Епштајн отколку демократите, објавувајќи илјадници страници документи, нагласи Џексонова, пренесува Скај Њуз. Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чанг, отиде чекор понатаму, нарекувајќи ги демократите и одредени медиумски куќи „бесрамни лудаци“.

Демократските членови на Надзорниот одбор на Претставничкиот дом вчера објавија нови фотографии за кои тврдат дека потекнуваат од имотот на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, а на кои се прикажани низа моќни и јавно познати личности поврзани со починатиот финансиер, меѓу кои американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Бил Клинтон и основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Вкупно се објавени 19 фотографии, на кои, исто така, се појавуваат британскиот милијардер Ричард Бренсон, поранешниот принц Ендру, како и поранешниот претседател на Харвард, Лари Самерс, и адвокатот Алан Дершовиц, пренесе Си-Ен-Ен. Иако многу од споменатите личности веќе со години имаат познати или документирани врски со Епштајн, новиот материјал сугерира поширок обем на тие контакти.

На една фотографија се гледа чинија со кондоми со карикатура од лицето на Трамп и натпис „Трампов кондом – 4,50 долари“. На друга фотографија Трамп е прикажан со шест жени чии лица се редигирани. Останатите слики го прикажуваат поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон, со Епштајн, Клинтон со Епштајн и неговата партнерка Гилејн Максвел, како и Гејтс со Ендру.

Ниту една од објавените фотографии не прикажува сексуално недолично однесување ниту малолетници, а не е познато кога и каде точно се направени, соопшти одборот.

Фотографиите се дел од поширока истрага што ја води републиканскиот Надзорен одбор, кој од имотот на Епштајн досега примил десетици илјади документи, електронски пораки и материјали. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk