Во Брисел избувна голема дискусија по појавувањето на документ со кој се откриваат имињата на повеќе раководни лица од самите врвови на Европската комисија кои наводно се подготвуваат за заминување од своите функции. Според пишувањата на угледниот магазин „Политико“, овој потег веднаш покрена интензивни шпекулации за претстојни сериозни кадрирања и борба за контрола во европската администрација.
Меѓу клучните имиња кои се наоѓаат на оваа листа се Герт-Јан Копман, генерален директор на Директоратот за проширување и источно соседство, Паскал Леардини, заменик-генерален секретар и главен оперативен директор на ЕК, како и Керстин Јорна, која раководи со Директоратот за внатрешен пазар и индустрија. На списокот се и високи функционери од директориумите за вонредни здравствени ситуации, за истражување, како и за регионална и урбана политика.
Објавувањето на документот предизвика посебна брануваност во дипломатските кругови, пред сè поради тоа што во овој момент практично нема слободни фотелји во највисокото раководство на Европската комисија, па евентуалните оставки ќе отворат жешка трка за нивните наследници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата