logo
logo
logo

ОДЛУКАТА НА МАКРОН ШТО ЌЕ ГО РАЗБЕСНИ ИЗРАЕЛ: Во септември Франција ја признава Палестина

Vecer | 24.07.2025

ОДЛУКАТА НА МАКРОН ШТО ЌЕ ГО РАЗБЕСНИ ИЗРАЕЛ: Во септември Франција ја признава Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Париз официјално ќе ја признае Палестина на Генералното собрание на ОН во септември.

„Донесов одлука Франција да ја признае Палестина. Свечено ќе го објавам ова на седницата на Генералното собрание на ОН во септември“, напиша тој на социјалната мрежа „X“.

Тој на својот профил на X-net објави писмо што му го испратил на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, потврдувајќи ја намерата на Франција да стане првата западна сила што ќе ја признае државата Палестина.

„Францускиот народ сака мир на Блискиот Исток, од нас Французите зависи да покажеме заедно со Израелците, Палестинците и нашите европски и меѓународни партнери дека тоа е можно“, напиша Макрон во писмо до Абас.

Францускиот претседател, исто така, вели дека се потребни „демилитаризација на Хамас“ и „обезбедување на мирот и стабилноста на Газа“.

„Неопходно е да се изгради државата Палестина, да се обезбеди нејзината одржливост и да се овозможи, со прифаќање на демилитаризацијата и целосното признавање на Израел, да придонесе за безбедноста на сите на Блискиот Исток. Нема алтернатива. Францускиот народ сака мир на Блискиот Исток“, рече тој.

Тој исто така наведува дека „бремето е на Французите, заедно со Израелците, Палестинците и европските и меѓународните партнери, да покажат дека ова е можно“.

Според него, најважно сега е веднаш да се запре војната во Газа и да се обезбеди помош за цивилите.

Нема сомнение дека оваа одлука на Макрон ќе го разбесни Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk