Најиб Букеле повторно го шокираше светот со најновиот законски удар: Малолетниците од 12 години па нагоре сега можат да го поминат целиот свој живот зад решетки!
Според новите мерки, кои стапуваат на сила на 26 април, децата на оваа возраст ќе можат да бидат осудени на најстрога казна за убиство, тероризам и силување. Со реформите се укинуваат посебните правни постапки за малолетници, иако се задржуваат одредбите за периодично преиспитување на казните.
Додека ОН предупредуваат на кршење на детските права, Букеле тврди дека стариот систем овозможувал неказнивост за монструозни злосторства.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата