logo
logo
logo

Авион со околу 50 патници исчезна над Русија

Vecer | 24.07.2025

Авион со околу 50 патници исчезна над Русија

Авионот, управуван од „Ангара ерлајнс“, летал кон градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток на Русија, во близина на границата со Кина.

Се верува дека авионот исчезнал само неколку километри пред својата дестинација.

Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, изјави дека според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 патници, вклучувајќи пет деца, и шест членови на екипажот.

-Сите расположиви сили и ресурси се насочени кон потрага по авионот, напиша тој на Телеграм. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk