logo
logo
logo

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

Vecer | 12.07.2025

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

 Американската министерка за правда и воедно главен државен обвинител, Пам Бонди, вчера  отпушти уште девет вработени во Министерството за правда, кои работеа за специјалниот советник Џек Смит, кој го истражуваше Доналд Трамп за задржување на доверливи документи и неговите напори да побара преглед на изборите во 2020 година, јавија британските медиуми.

Најмалку двајца од отпуштените беа обвинители кои неодамна работеле во обвинителства во Флорида и Северна Каролина, изјавија три извори.

Другите седум отпуштени беа помошен персонал во тимот на Смит.

Министерството за правда уште од јануари отстранува персонал кој работел на случаи во кои се вклучени претседателот Трамп или неговите поддржувачи.

Четиринаесет обвинители кои работеа во тимот на Смит беа отпуштени на 27 јануари поради работа на случаи против Трамп.

Вклучувајќи ги вчерашните отпуштања, најмалку 26 лица кои работеа во тимот на Смит се отпуштени откако Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари, забележаат британските медиуми.

Во последните месеци, Министерството за правда, исто така, отпушти луѓе кои работеа на случаите на обвинетите во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk