Операцијата е спроведена во Индо-пацифичкиот регион, а според официјалното соопштение, сè поминало без инциденти.
Овој потег јасно покажува дека Вашингтон ја заострува контролата врз морските патишта, таргетирајќи бродови кои, и покрај меѓународните санкции, служат како клучна логистичка поддршка за Иран.
Министерството за одбрана на САД го опишува бродот „М/Т Тифани“ како „брод без државјанство“, што во поморското право значи дека не плови под знамето на која било призната држава или неговата регистрација е неважечка.
Ваквите бродови често ги користат Иран и неговите соработници во „флота во сенка“ за да го избегнат радарот на меѓународните регулатори и да транспортираат нафта или воена опрема без мешање.
Overnight, U.S. forces conducted a right-of-visit, maritime interdiction and boarding of the stateless sanctioned M/T Tifani without incident in the INDOPACOM area of responsibility.⁰⁰As we have made clear, we will pursue global maritime enforcement efforts to disrupt illicit… pic.twitter.com/EGwDe3dBI3
— Department of War 🇺🇸 (@DeptofWar) April 21, 2026
Пентагон соопшти дека американските сили го искористиле „правото на посета“, меѓународна правна доктрина што им дозволува на воените бродови да запрат и да проверат брод на отворено море ако постои основано сомнение дека нема јасна националност или е вклучен во нелегални активности.
Трамп испраќа порака до Техеран
Пентагон испрати не толку суптилна порака до Техеран и сите мрежи кои помагаат во заобиколувањето на санкциите. Тие нагласија дека ќе продолжат со глобалните напори за сузбивање на нелегалните мрежи што обезбедуваат материјална поддршка на Иран, без оглед каде пловат тие бродови.
„Меѓународните води не се засолниште за санкционирани бродови. Министерството за војна ќе продолжи да им ја одзема слободата на движење на нелегалните актери во поморскиот домен“, се вели во соопштението.
Овој последен упад доаѓа само два дена по драматичното запленување на иранскиот контејнерски брод „Туска“ во Оманскиот Залив.
Во тој случај, американските специјални сили упаднаа во брод што пловел под иранско знаме откако екипажот ги игнорирал предупредувањата шест часа. „Туска“ беше пресретнат во близина на иранското пристаниште Чабахар под сомнение за транспорт на стоки со двојна намена - електроника и метали што можат да се користат во производството на балистички ракети.
Техеран го прогласи инцидентот за „вооружен грабеж“ и „нелегален чин“, тврдејќи дека американските сили нападнале трговски брод што превезувал цивилен товар од Кина. Од друга страна, Вашингтон беше јасен: „Туска“ припаѓа на групата ИРИСЛ, која е под санкции од 2019 година како клучен логистички играч за Револуционерната гарда.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата