logo
logo
logo

Трамп: ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ЌЕ ПАДНАТ КАКО КАМЕН, штом заврши војната во Иран

Vecer | 01.05.2026

Трамп: ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ЌЕ ПАДНАТ КАКО КАМЕН, штом заврши војната во Иран

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска во разговор со новинарите изјави дека цените на енергентите „ќе паднат како камен“ штом заврши војната во Иран.

Глобалните цени на нафтата достигнаа четиригодишен максимум од над 126 долари по барел поради загриженоста дека конфликтот би можел да доведе до продолжена криза, пренесува Ројтерс. Цената на нафтата од типот „Брент“ порасна за речиси 7 отсто на 126,31 долар по барел, а потоа повторно падна на околу 114 долари.

Околу 20 отсто од светската нафта и течен природен гас (ТПГ) се транспортираат низ Ормускиот Теснец, а конфликтот доведе до скок на глобалните цени на енергентите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk