Од паднати летови до блокирани банки: ДАЛИ „СУПЕРИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА“ ГИ ПРЕОПТОВАРИ СИСТЕМИТЕ?

Vecer | 18.11.2026

Од паднати летови до блокирани банки: ДАЛИ „СУПЕРИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА“ ГИ ПРЕОПТОВАРИ СИСТЕМИТЕ?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Марквејн Малин, кој ја извршува функцијата секретар за внатрешна безбедност на САД, изнесе претпоставка дека вештачката интелигенција можеби излегла од контрола, предизвикувајќи неодамнешни падови на системите што доведоа до хаос на аеродромите и во банките.

Шефот на Министерството за внатрешна безбедност ги даде овие изјави по бранот паника што настана во понеделникот, кога неколку банки и авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ пријавија прекини во работата на системите, што доведе до нарушување на нивните услуги. Овие прекини се случија веднаш по проблемите од минатата недела, кои ги погодија „Мајкрософт“ и целокупниот систем за воздушен сообраќај во САД.

Во разговор за „Фокс њуз“, Малин изјави дека верува оти за овие проблеми би можела да биде одговорна вештачката интелигенција – заклучок до кој дошол по разговор со „некого од технолошката индустрија“.

„Верувам дека станува збор за суперинтелигенција, бидејќи овие програми не се дизајнирани да функционираат со брзината на суперинтелигенција“, рече Малин, користејќи го терминот „суперинтелигенција“ (SI) – израз што го користи и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Значи, кога ќе воведете програма способна сама да го пишува својот код – програма што влегува во системот, сама се поправа и почнува да прави автономни приспособувања – тоа е исто како да ги менувате нацртите за куќа што е во изградба. Променете еден елемент и сè друго почнува да се менува во верижна реакција. Ова ги преоптоварува системите кои никогаш не биле дизајнирани да се справат со брзините со кои денес функционира суперинтелигентната технологија. Токму за тоа зборував претходно и за мене тоа има смисла“, објасни тој.

Изворот на Малин побарал да не се споменува неговото име, но шефот на Министерството за внатрешна безбедност потврди дека не станува збор за Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“ и поранешен шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE).

Тој повтори дека проценките на експертите не укажуваат на никакви сајбер-напади врз Соединетите Американски Држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk