logo
logo
logo

Кремљ го потврди она што отсекогаш било познато: „ПУТИН НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ ТОА!“

Vecer | 26.07.2026

Кремљ го потврди она што отсекогаш било познато: „ПУТИН НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ ТОА!“

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не користи обичен фиксен или мобилен телефон за комуникација со претставници на администрацијата, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, секретар за медиуми на Путин, во разговор со новинарот на „Лајф“, Александар Јунашев.

Според Песков, рускиот лидер користи исклучиво специјални безбедни комуникациски линии за целата комуникација, како што објави рускиот бизнис-дневен весник „Комерсант“.

Песков истакна дека за време на празниците, вработените во претседателската администрација, по правило, се лишени од пристап до тие специјални канали.

Во февруари, Дмитриј Песков објави дека шефот на Кремљ се придржува само до безбедни комуникациски канали, со што се избегнуваат можни протекувања на информации.

Според Песков, овој пристап обезбедува максимална безбедност на разговорите и ги исклучува ризиците од пресретнување на податоци при комуникација со раководството на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk