logo
logo
logo

Мистеријата се продлабочува - СКРИЕНА ПОРАКА ВО КЕЛИЈАТА НА ЕПСТАЈН!

Vecer | 01.05.2026

Мистеријата се продлабочува - СКРИЕНА ПОРАКА ВО КЕЛИЈАТА НА ЕПСТАЈН!

Наводна проштална порака на Џефри Епштајн, пронајдена само неколку недели пред неговата смрт, била криена од јавноста речиси седум години. Иако американското Министерство за правда тврди дека никогаш не ја видело, пораката се споменува во криптична хронологија на настани објавена како дел од таканаречените „Досиеја Епштајн“. Документот наводно се чува во судски трезор, откако федерален судија наредил негово запечатување за време на правен спор поврзан со Николас Тартаљоне, поранешен полицаец и цимер на Епштајн во затворот на Менхетен.

Тартаљоне, кој служи доживотен затвор за убиство, за „The New York Times“ изјавил дека пораката ја открил на крајот на јули 2019 година, сокриена меѓу страниците на еден графички роман во нивната заедничка ќелија. Според неговите зборови, Епштајн напишал: „Што сакате да направам, да почнам да плачам? Време е да се збогуваме.“ Тартаљоне додал дека белешката била напишана на жолта хартија од нотес, во која Епштајн исто така наведувал дека истражителите не пронашле ништо по месеци истрага против него.

Овој развој на настаните веројатно повторно ќе ги поттикне сомнежите околу смртта на милијардерот во август 2019 година, која официјално беше прогласена за самоубиство. „Њујорк тајмс“ поднесе барање до судот за отпечатување на документот, додека Министерството за правда тврди дека ги презело сите напори за прибирање на записите поврзани со случајот. Дополнителна мистерија внесува документот насловен како „Хронологија“, кој го опишува патот на оваа порака низ правниот систем, но останува нејасно кој го напишал и зошто бил составен со користење само на иницијали.

И покрај официјалниот заклучок дека станува збор за самоубиство, сериозните безбедносни пропусти во затворот на Менхетен доведоа до тоа голем дел од американската јавност сè уште да верува дека Епштајн е убиен. Новите информации за скриената порака во сефот на судот само додаваат „гориво“ на теориите за заговор кои не стивнуваат со години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk