logo
logo
logo

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА - во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Vecer | 28.06.2026

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА - во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел. Како што рече, тој простор во иднина треба да биде наменет за млади луѓе.

Во опширно интервју за „Ле Темпс“, шест месеци по трагедијата, Дарбел се осврна, меѓу другите прашања, и на планот за изградба на меморијален комплекс посветен на жртвите од трагедијата.

Како што изјави, тој проект „мора да произлезе од граѓанското општество и семејствата на жртвите мора да играат клучна улога во него“.

Идниот споменик треба да биде „убав, мирен и достапен“ и треба да претставува достојна почит кон жртвите, повредените и сите што помогнаа за време на трагедијата.

Тој, исто така, ја најави комеморацијата, која треба да се одржи на 1 јануари 2027 година.

„Им ја должиме вистината на овие деца и млади луѓе. Оние што се виновни ќе бидат казнети“, рече тој.

Меѓу 14-те обвинети се и ко-сопствениците на барот, брачната двојка Морети, како и лица кои сега се или претходно биле поврзани со општината, но не и со локалните власти.

Сепак, Дарбел истакна дека „апсолутно не може да се исклучи“ можноста дека во иднина меѓу обвинетите ќе има лица од кантонската администрација или власти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk