logo
logo
logo

Невиден стратешки кадровски пропуст на Интел - ТРАМП БАРА ИТНА СМЕНА НА ДИРЕКТОРОТ

Vecer | 08.08.2025

Невиден стратешки кадровски пропуст на Интел - ТРАМП БАРА ИТНА СМЕНА НА ДИРЕКТОРОТ

Акциите на најголемиот американски производител на чипови, Интел, денес паднаа за повеќе од четири проценти откако американскиот претседател Доналд Трамп побара оставка од извршниот директор Лип-Бу Тан преку социјалните медиуми, објави Си-Ен-Ен.

„Извршниот директор на Интел е во голем судир на интереси и мора веднаш да поднесе оставка. Нема друго решение за овој проблем“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Истрагата на Ројтерс во април откри дека Лип-Бу Тан претходно инвестирал во стотици кинески технолошки компании, вклучувајќи најмалку осум со врски со војската на азиската земја, што предизвика загриженост кај некои инвеститори во Интел за можни судири на интереси.

Според истрагата, Лип-Бу Тан контролира повеќе од 40 кинески компании и фондови, како и малцински удели во повеќе од 600 инвестициски фирми што ги управува.

Во многу случаи, дели малцински удел со кинески владини субјекти.

Тан, долгогодишен инвеститор во технологија роден во Малезија, беше именуван за извршен директор на Интел во март.

Медиумите објавија дека Тан има исклучителна репутација во технолошката индустрија и дека стекнал значително искуство како директор во одборите на „Хјулит-Пакард“ (ХП), „Шнајдер Електрик“ и „Софтбанк“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk