logo
logo
logo

Масакр во Канада: Десет загинати, 25 повредени по вооружен инцидент во Тамблер Ри

Vecer | 11.02.2026

Масакр во Канада: Десет загинати, 25 повредени по вооружен инцидент во Тамблер Ри

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукањето во град на североистокот на канадската провинција Британска Колумбија, соопшти канадската полиција. 25 лица се повредени. Шест лица биле пронајдени мртви во средното училиште во Тамблер Риџ, уште две лица биле пронајдени мртви во куќа за која се верува дека е поврзана со инцидентот, а уште едно лице починало на пат кон болницата, соопшти полицијата.

Осомничениот напаѓач исто така е пронајден мртов од повреда која, како што се чини, си ја нанел сам, соопшти полицијата, додавајќи дека не верува дека постојат други осомничени или дополнителна закана за јавноста. Во јавната предупредувачка порака испратена до граѓаните на мобилните телефони, напаѓачот бил опишан како „жена со кафеава коса во фустан“. Полот на напаѓачот засега не е потврден, а десните медиуми во Канада објавија дека се работи за 18-годишно машко лице кое се идентификувало како транс. Тие тврдења не се официјално потврдени.

Клучни податоци:

Вкупно десет лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот, а уште 25 лица се повредени.

Шест жртви се пронајдени во просториите на средното училиште Тамблер Риџ, едно лице починало за време на транспорт кон болницата, а телата на уште две жртви се пронајдени во блиска станбена зграда.

Се верува дека напаѓачот извршил самоубиство. Полицијата го идентификувала, но засега не сака да го открие неговиот идентитет.

Наставата во основното и средното училиште Тамблер Риџ е откажана  до крајот на неделата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk