Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека ги смета барањата на Европската Унија за ограничување на бројот на руски вооружени сили со цел да се влезат во преговори за „идиотски“.
„Не дискутирам за идиотски изјави“, изјави Лавров пред новинар од весникот „Известија“, коментирајќи ги изјавите на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, за ограничување на руските вооружени сили како услов за почеток на преговори со Брисел за Украина.
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Кипар, изјави дека „постојат работи што ги одразуваат отстапките побарани од Украина во однос на военото ограничување и дека тоа треба да се одрази и кај Русија ако е во договорот“.
„Постојат и прашања што се од пошироко значење. Ако размислите за руските трупи во земји како Грузија, Молдавија, исто така е во интерес на европската безбедност тие трупи да не бидат таму и да не се мешаат во изборите во различни земји“, рече Калас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата