Во неодамнешно интервју за „The Joe Rogan Experience“, извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг, призна дека и покрај огромните инвестиции и брзиот развој, никој навистина не знае какви ќе бидат долгорочните ефекти од вештачката интелигенција (ВИ).
Кога беше прашан дали верува во предвидувањата за крајот на ерата на ВИ во која вештачката интелигенција би можела да ја загрози човечката раса, Хуанг одби да им се придружи на песимистите: рече дека не верува оти заканата од апокалипса е веројатна, но дека иднината е отворена и неизвесна.
Тој го спореди развојот на ВИ со технолошката трка од минатото, како што се Студената војна и „Проектот Менхетен“. Оценувајќи дека технолошкиот напредок често ја менува рамнотежата на моќта во светот и дека затоа е важно САД и западните земји да бидат лидери во ова.
Исто така, Хуанг предупреди дека транзицијата кон ВИ нема да биде драматичен скок, туку постепен процес: според него, промената ќе дојде чекор по чекор - преку еволуцијата на технологијата, а не преку ненадејна пресвртна точка.
Погледнете повеќе од она што Хуанг го кажа во придружното видео.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата