Граѓаните на 40 земји за кои Шри Ланка ги укина визите и понатаму ќе мора однапред да поднесат барање за електронска дозвола за патување (ЕТА), но таа сега овозможува влез во земјата без никакви такси, за престој до 30 дена.
Оваа одлука доаѓа набрзо откако Тајланд ги поостри правилата за влез, па патниците од многу земји мораа да се збогуваат со можноста за престој без виза до 60 дена. Новите правила за Шри Ланка стапија на сила во понеделникот, 25 мај, но за жал, оние кои веќе ја платиле визата нема да можат да добијат поврат на парите.
Во продолжение е списокот на сите земји чии граѓани сега не плаќаат за влез во Шри Ланка за престој до 30 дена, според пишувањето на „Khaleej Times“:
Австралија
Австрија
Бахреин
Белорусија
Белгија
Канада
Кина
Чешка
Данска
Финска
Франција
Германија
Индија
Индонезија
Иран
Израел
Италија
Јапонија
Казахстан
Кувајт
Малезија
Непал
Холандија
Нов Зеланд
Норвешка
Оман
Пакистан
Полска
Катар
Русија
Саудиска Арабија
Јужна Кореја
Шпанија
Шведска
Швајцарија
Тајланд
Турција
Обединети Арапски Емирати
Обединето Кралство
Соединети Американски Држави
Патниците од овие земји им се придружуваат на граѓаните на Малдивите, Сејшелите и Сингапур, за кои ЕТА таксите беа укинати уште отпорано, пишува „Timeout“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата