Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, изјави дека сега украинскиот претседател Володимир Зеленски траба „да постигне договор“ за решавање на конфликтот во Украина.
Трамп нагласи дека неговата порака до Зеленски е: „Направете договор“.
Во интервју за Фокс њуз снимено во Алјаска по средбата со Путин, тој додаде дека „европските земји треба малку да се вклучат“.
Трамп рече дека тој и Путин се согласуваат за повеќето работи, но сè уште има едно или две прашања за кои не се согласуваат, но одби да образложи.
Трамп, исто така, рече дека верува оти Путин сака војната да заврши, и покрај доказите (од Украина и ЕУ) што го застапуваат спротивното.
Тој додаде дека по преговорите во Алјаска засега, „не мора да размислува“ за построги санкции за Русија.
- Поради она што се случи денес, не мислам дека треба да размислувам за тоа. Можеби ќе треба да размислувам за тоа за две или три недели. Но, денес не мора да размислуваме за тоа. Мислам дека средбата помина многу добро - објави Трамп.
Конструктивна средба
Путин и Трамп се согласија дека средбата во Алјаска што се одржа вчера била темелна и конструктивна и со меѓусебно почитување.
Тричасовната средба меѓу претседателите на САД и Русија заврши со најави за иден договор, но без конкретни детали за тоа што се согласиле лидерите на двете земји.
Зеленски: Не ни треба уште една пауза, туку вистински мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин изјави дека на Украина не ѝ е потребен „уште една пауза меѓу руските инвазии“, туку вистински мировен договор.
Високиот украински функционер Олександр Мережко изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, предлагајќи да го замени прекинот на огнот со мировен договор, всушност застана на страната на рускиот претседател Владимир Путин.
„За жал, Трамп го зазеде ставот на Путин, а тоа беше барање на Путин“, изјави за Ројтерс Мережко, претседател на комисијата за надворешни работи на украинскиот парламент.
Според него, Путин под терминот „мировен договор“ подразбира неколку „опасни работи“ за Украина.
„Во визијата на Путин, ова значи дека Украина нема да се приклучи на НАТО, дека неговите апсурдни барања за денацификација и демилитаризација, како и статусот на рускиот јазик и Руската православна црква, ќе бидат прифатени“, рече Мережко.
Изјавата на Зеленски по средбата ан Аљадка е сосема спротивна од ставот ан Украина и ЕУ пред средбата помеѓу Трамп и Путин кои бараа промирје како услов за да се преговара, и гаранции од САД дека на Украина мора да и се вратиа територијата која е сега под контрола ан руската војска.
Неговите зборови следеа откако разговорите во Алјаска не успеаја да постигнат договор за прекин на огнот, а Зеленски воопшто не беше поканет на тој самит.
Американскиот претседател Трамп подоцна нагласи дека сите страни се согласиле дека единствениот вистински излез е склучување мировен договор
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата