Јулските температурни рекорди беа срушени или изедначени на многу места, особено на југот од земјата, каде што вчера беше на сила портокалова временска тревога за речиси целата територија, објави француската новинска агенција BFM.
Поради екстремно високите температури, Министерството за образование вчера објави дека се затворени 2.213 училишта низ целата земја.
„Метео-Франс“ соопшти дека локално се очекуваат температури до 39 степени.
Врвот на Ајфеловата кула вчера беше затворен за посетители поради екстремно високите температури.
Се очекува температурите во Париз да достигнат 36 степени Целзиусови оваа недела, а во делови од јужна Франција 40 степени.
Француската влада вчера издаде метеоролошки аларм поради екстремна топлина во 84 департмани.
Топлотниот бран влијаеше и на работното време на другите европски знаменитости, а атракцијата во Брисел, Атомиумот, го намали своето работно време поради оваа причина.
Покрај Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Грција, Германија и Турција се борат со топлотен бран веќе неколку дена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата