Европските земји, вклучувајќи ги Белгија, Холандија и Франција, имаат капацитети за расчистување на мини и можат да придонесат за обезбедување слободна пловидба низ Ормутскиот теснец, изјави француската министерка за одбрана Катрин Вотрен.
Вотрен во интервју за француската телевизиска станица TF1 изјави дека европските земји би можеле да обезбедат поддршка и во форма на придружба на бродови и операции за безбедно минување низ теснецот, нагласувајќи дека таквите активности би биле исклучиво „одбранбени“ по природа.
Таа рече дека темата ќе биде дискутирана денес на состанок во Париз на кој ќе присуствуваат околу 40 земји, објави Ројтерс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата