logo
logo
logo

Што би требало ова да значи?!

(ВИДЕО) „БИНГ-БИНГ, БИНГ-БИНГ-БИНГ - Трамп повторно хит на интернет

Vecer | 01.08.2026

(ВИДЕО) „БИНГ-БИНГ, БИНГ-БИНГ-БИНГ - Трамп повторно хит на интернет

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го привлече вниманието на јавноста откако за време на своето обраќање со гестикулации и звучни ефекти го имитираше дејството на американската противвоздушна одбрана.

Опишувајќи го пресретнувањето на иранските проектили, Трамп со движења на рацете изговори: „Бинг-бинг, бинг-бинг-бинг“. На тој начин тој го демонстрираше, како што посочи, моментот во кој американските системи за противвоздушна одбрана ги собориле иранските ракети што биле насочени кон Јордан.

Снимката од изјавата на Трамп брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари кај корисниците, кои посебно го издвоија неговиот необичен начин на опишување на воената акција. Американскиот претседател и претходно за време на јавните настапи користеше гестикулации и звучни ефекти за посликовито да ги долови настаните за кои зборува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk