logo
logo
logo

САКАТЕ СЛОБОДНО ДА МИНУВАТЕ НИЗ ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ? Иранците им поставија услов на Европејците и Арапите

Vecer | 10.03.2026

САКАТЕ СЛОБОДНО ДА МИНУВАТЕ НИЗ ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ? Иранците им поставија услов на Европејците и Арапите

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) објави дека секоја арапска или европска земја што ќе ги протера израелскиот и американскиот амбасадор од својата територија ќе добие неограничен премин низ Ормускиот теснец почнувајќи од денес.

Според иранската државна телевизија ИРИБ, ИРГК соопшти дека тие земји ќе имаат „целосно право и слобода“ да минуваат низ тој стратешки морски премин доколку ги прекинат дипломатските односи и со Израел и со САД.

Трамп: Размислуваме да ја преземеме контролата врз теснецот

Ормускиот теснец, широк околу 34 километри, е еден од најважните енергетски премини во светот. Речиси една петтина од глобалното снабдување со нафта поминува низ него, поради што се смета за клучно и исклучително ризично тесно грло за светските пазари.

Војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна веќе го поттикна порастот на цените на нафтата од две главни причини: речиси целосно затворање на Ормускиот теснец и забавување на производството на нафта на Блискиот Исток.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера за Си-Би-Ес њуз изјави дека неговата администрација размислува да ја преземе контролата врз Ормутскиот теснец. Трамп рече дека Ормутскиот теснец во моментов е отворен, но дека Белата куќа сè уште „размислува да го преземе“ и дека би можела да направи „многу“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk