logo
logo
logo

Полицијата во Будимпешта забрани Парадата на гордоста

Одлука донесена со новиот закон за наводна заштита на децата

Vecer | 19.06.2025

Полицијата во Будимпешта забрани Парадата на гордоста

Властите во унгарскиот главен град соопштија дека годинашната Парада на гордоста, планирана за 28 јуни, нема да се одржи поради полициска забрана.

Причината за ваквата одлука, според полицијата, е дека не може да се исклучи учество на малолетни лица во активности кои се забранети со закон. Дополнително, во соопштението се наведува дека јавниот карактер на настанот може да создаде ситуации во кои граѓани што не сакаат да учествуваат, сепак ќе бидат изложени на случувањата на Парадата.

Инаку, градските власти претходно беа планирале традиционалната манифестација како официјален настан посветен на слободата.

Во исто време, унгарскиот парламент во март усвои измена на законот што ѝ дава овластувања на полицијата да спречи вакви собири, со образложение за заштита на децата. Партијата на премиерот Виктор Орбан, Фидес, има доминантно мнозинство во парламентот што ја овозможи оваа законска промена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk