logo
logo
logo

11 загинати во масовно пукање во Квамахута: Полицијата открива детали за нападот

Vecer | 23.09.2026

11 загинати во масовно пукање во Квамахута: Полицијата открива детали за нападот

Пукањето се случило во Квамахута, јужно од Дурбан, објави јужноафриканскиот ТВ-канал „eNCA“, напоменувајќи дека меѓу жртвите имало и бремена жена.

„Жртвите, меѓу кои и бремена жена, биле собрани во една куќа, нешто пред 23 часот, кога вооружени напаѓачи упаднале на местото и отвориле оган“, изјави за медиумите премиерот на провинцијата Квазулу-Натал, Тамсанга Нтули, додавајќи дека две лица го преживеале нападот.

Според првичните информации, двајца напаѓачи упаднале во домот каде што имало 14 лица и отвориле оган. Десет лица загинале на самото место, додека единаесеттата жртва им подлегнала на повредите при транспортот кон болницата.

Пред да побегнат од местото на настанот, напаѓачите го запалиле возилото на сопственикот на куќата.

Според соопштението на полицијата во Квазулу-Натал, прелиминарната истрага открила дека некои од жртвите биле под надзор на полициските разузнавачки служби поради сомневања за незаконски активности, чии детали полицијата не можела да ги открие.

„Иако мотивот за пукањето сè уште не е потврден, не може да се исклучи можноста за судир меѓу ривалски групи“, се наведува во полициското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk