По заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за можни напади врз иранската инфраструктура и енергетски објекти, Иранците се собираат околу електраните и мостовите, формирајќи „човечки синџири“ околу местата што би можеле да бидат цел на американско-израелски напади.
Видео објавено од иранската новинска агенција Фарс прикажува луѓе кои држат огромно иранско знаме преку мостот „Пол Сефид“ во Ахваз, југозападен Иран.
Друго објавено видео прикажува „студентски синџир“ на историскиот Стар мост во Дезфул, југозападен Иран, а објавена е и фотографија на која се гледа група луѓе собрани пред електраната „Шахид Раџаи“ во близина на Техеран.
Бројни ирански медиуми објавија дека Иранци со транспаренти се собрале и пред електраната во Тебриз, на северот од земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата