logo
logo
logo

Германски удар врз Трамп: ТОА СИ Е НЕГОВА А НЕ НАША ВОЈНА!

Vecer | 16.03.2026

Германски удар врз Трамп: ТОА СИ Е НЕГОВА А НЕ НАША ВОЈНА!

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека војната со Иран не е европска војна и оти Европа не ја почнала војната.

Што очекува Доналд Трамп од неколку или две европски фрегати да направат во Ормуски Теснец, што моќната американска морнарица не може да го направи, истакна Писториус реагирајќи на изјавата на Трамп дека отсуството на помош за Вашингтон може да има последици по НАТО.

Претходно, портпаролот на германската влада Штефан Корнелиус изјави дека судирот на САД и Израел со Иран не е поврзан со НАТО и оти Германија не планира да биде вовлечена во истиот.

Ниту САД ниту Израел не нè консултираа пред војната, а Вашингтон на самиот почеток од војната децидно наведе дека европската помош ниту му е потребна ниту пожелна, посочи Корнелиус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk