logo
logo
logo

Уживање за фудбалските гурмани: Комплетниот распоред со сатници на натпреварите од групната фаза!

Vecer | 11.06.2026

Уживање за фудбалските гурмани: Комплетниот распоред со сатници на натпреварите од групната фаза!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

И дефинитивно нема спиење за фановите на најважната споредна работа во светот, или поточно без она “споредна“. Со оглед на тоа дека ова СП 2026, кое почнува вечерва, се игра во САД, Канада и Мексико, јасно е дека сатниците ќе бидат “луди“ за нас во Европа.

Натпреварите се закажани за 21 часот, потоа за 22 часот, па следниот ден во 01, 03, 04 часот. Секако незгодни термини и сатници, но што е тука е. Повозрасните фанови се сеќаваат како беше на СП во САД во 1994 година, па ќе издржиме и сега.

Во секој случај нека биде спектакл како, а за натпреварите со помош на доста кекси, чипс, секако многу пиво, сокови и други потребштини, ќе биде задоволство да се следи Мундијалот до раните утрински часови, а потоа се од ново другиот ден или другата вечер, и така од вечерва до 19 јули.

Во продолжение ги имате термините и сатниците на сите мечеви од групната фаза.

Уживајте во најдобриот фудбал на светот.

11 јуни:
Мексико – Јужна Африка (21.00 часот, Мексико Сити)

12 јуни:
Јужна Кореја – Чешка (4.00, Гвадалахара)
Канада – Босна и Херцеговина (21.00, Торонто)

13 јуни:
САД – Парагвај (3.00, Лос Анџелес)
Катар – Швајцарија (21.00, Сан Франциско)

14 јуни:
Бразил – Мароко (00:00, Њујорк)
Хаити – Шкотска (3.00, Бостон)
Австралија – Турција (6.00, Ванкувер)
Германија – Курасао (19.00, Хјустон)
Холандија – Јапонија (22.00, Далас)

15 јуни:
Брегот на Слоновата Коска – Еквадор (1.00, Филаделфија)
Шведска – Тунис (4.00, Монтереј)
Шпанија – Зелен’ртските Острови (18.00, Атланта)
Белгија – Египет (21.00, Сиетл)

16 јуни:
Саудиска Арабија – Уругвај (00.00, Мајами)
Иран – Нов Зеланд (3.00, Лос Анџелес)
Франција – Сенегал (21.00, Њујорк)

17 јуни:
Ирак – Норвешка (00:00, Бостон)
Аргентина – Алжир (3.00, Канзас Сити)
Австрија – Јордан (6.00, Сан Франциско)
Португалија – ДР Конго (19.00, Хјустон)
Англија – Хрватска (22:00, Далас)

18 јуни:
Гана – Панама (1.00, Торонто)
Узбекистан – Колумбија (4.00, Мексико градови)
Чешка – Јужна Африка (18.00, Атланта)
Швајцарија – Босна и Херцеговина (21.00, Лос Анџелес)

19 јуни:
Канада – Катар (00.00, Ванкувер)
Мексико – Јужна Кореја (3.00, Гвадалахара)
САД – Австралија (21.00, Сиетл)

20 јуни:
Шкотска – Мароко (00.00, Бостон)
Бразил – Хаити (2.30, Филаделфија)
Турција – Парагвај (5.00, Сан Франциско)
Холандија – Шведска (19.00, Хјустон)
Германија – Брегот на Слоновата Коска (22.00, Торонто)

21 јуни:
Еквадор – Курасао (2.00, Канзас Сити)
Тунис – Јапонија (6.00, Монтереј)
Шпанија – Саудиска Арабија (18.00, Атланта)
Белгија – Иран (21 часот, Лос Анџелес)

22 јуни:
Уругвај – Зелено’ртските Острови (00.00, Мајами)
Нов Зеланд – Египет (3.00, Ванкувер)
Аргентина – Австрија (19.00, Далас)
Франција – Ирак (23.00, Филаделфија)

23 јуни:
Норвешка – Сенегал (2.00, Њујорк)
Јордан – Алжир (5.00, Сан Франциско)
Португалија – Узбекистан (19.00, Хјустон)
Англија – Гана (22.00, Бостон)

24 јуни:
Панама – Хрватска (1.00, Торонто)
Колумбија – ДР Конго (4.00, Гвадалахара)
Швајцарија – Канада (21.00, Ванкувер)
Босна и Херцеговина – Катар (21.00, Сиетл)

25 јуни:
Шкотска – Бразил (00.00, Мајами)
Мароко – Хаити (00.00, Атланта)
Чешка – Мексико (3.00, Мексико Сити)
Јужна Африка – Јужна Кореја (3.00, Монтереј)
Курасао – Брегот на Слоновата Коска (22.00, Филаделфија)
Еквадор – Германија (22.00, Њујорк)

26 јуни:
Јапонија – Шведска (1.00, Далас)
Тунис – Холандија (1.00, Канзас Сити)
Турција – САД (4.00, Лос Анџелес)
Парагвај – Австралија (4.00, Сан Франциско)
Норвешка – Франција (21.00, Бостон)
Сенегал – Ирак (21.00, Торонто)

27 јуни:
Зелено’ртските Острови – Саудиска Арабија (2.00, Хјустон)
Уругвај – Шпанија (2.00, Гвадалахара)
Египет – Иран (5.00, Сиетл)
Нов Зеланд – Белгија (5.00, Ванкувер)
Панама – Англија (23.00, Њујорк)
Хрватска – Гана (23.00, Филаделфија)

28 јуни:
Колумбија – Португалија (1.30, Мајами)
ДР Конго – Узбекистан (1.30, Атланта)
Алжир – Австрија (4.00, Канзас Сити)
Јордан – Аргентина (4.00, Далас)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk