logo
logo
logo

Трансфери: Баерн преговара со Кејн, Ѓокереш би можел во Барса, Ришарлисон си оди а Гакпо доаѓа во Тотенхем

Vecer | 23.08.2026

Трансфери: Баерн преговара со Кејн, Ѓокереш би можел во Барса, Ришарлисон си оди а Гакпо доаѓа во Тотенхем

ФОТО: FC Bayern München/FB

И покрај понудите, веќе е јасно дека Хари Кејн нема намера, барем засега, да си оди од Баерн Минхен. Од таборот на “баварците“ велат дека наредните денови ќе започнат преговорите со својот голгетер за продолжување на договорот и дека нема место за никаква паника.

Инаку договорот на Англичанецот со Баерн Минхен истекува во јуни 2027.

Виктор Ѓокереш би можел да го напушти Арсенал во случај Осимен или Алварез да го засилат нападот на шампионот во Премиерлигата. Последните информации од Англија и Шпанија велат дека тој би можел да се пресели во Барселона која е во грчевита битка со времето за пронаоѓање на класичен шпиц. И натаму Алварез е првиот пик, ама тоа веројатно ова лето нема да се случи, а и Интер нема намера да го продаде Лаутаро.

Откако фрлија повеќе од 300 милиони евра на засилувања, а вчера имаа ужасен старт на сезоната, пораз од Брентфорд со 3:0, Тотенхем има намера да го доведе и Коди Гакпо, еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул. Од друга страна Ришарлисон си оди од Тотенхем.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk