logo
logo
logo

Трамп за настапот на Иран на СП 2026: Не ми е гајле дали ќе играат!

Vecer | 04.03.2026

Трамп за настапот на Иран на СП 2026: Не ми е гајле дали ќе играат!

Иранската фудбалска репрезентација која се квалификуваше за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, се уште е нејасно дали ќе отпатува во САД.

По почетокот на конфликтот на Блискиот Исток во кој Американците го нападнаа Иран, големо прашање е дали ќе ја видиме оваа азиска земја на Светското првенство.

ФИФА веќе разгледува алтернативни решенија, а Обединетите Арапски Емирати и Ирак се појавуваат како потенцијални замени.

На прашањето околу учеството на Иран на Мундијалот, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјавил:

„Навистина не ми е гајле дали ќе играат. Мислам дека Иран е тешко поразена земја. Тие ги користат своите последни сили“, изјавил Трамп.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk