Интер Мајами доживеа тежок пораз од 3:0 на домашен терен од Колумбус Кру, во првиот натпревар од плејоф-серијата во МЛС-лигата, а дуелот го одбележа и нервозната реакција на Лионел Меси.
Аргентинската ѕвезда во финишот на првото полувреме, додека се подготвуваше да изведе аут, ја фрли топката директно во лицето на противничкиот фудбалер Гонзало Тапија, кој се обидуваше да го спречи брзото продолжување на играта. Судијата Ален Чепмен им покажа жолти картони на двајцата фудбалери, но одлуката предизвика бурни реакции.
Тренерот на Колумбус, Лоран Куртоа, сметаше дека Меси заслужил исклучување, додека судијата подоцна објасни дека употребената сила била мала и дека инцидентот не ги исполнувал критериумите за насилничко однесување.
По овој пораз, бранителот на титулата е пред елиминација.