Италијанскиот судија Федерико Ла Пења пријавил закани по живот во италијанската полиција.
Судијата го судеше натпреварот меѓу Интер и Јувентус во 25-то коло од Серија А (3-2). Во 42-та минута, дефанзивецот на Јуве, Пјер Калулу, по погрешно насочено додавање од Фабио Мирети, имаше нзначителен старт врз Алесандро Бастони. Играчот на „нероаѕурите“ се преправаше дека имало сериозен контакт и падна на земја, а Ла Пења му покажа втор жолт картон на дефанзивецот на Јувентус. Бастони потоа славеше бурно.
По натпреварот, судијата беше подложен на навреди на социјалните мрежи и добил серија смртни закани. Ла Пења одлучил да достави пријава до римската полиција, која започна истрага.