logo
logo
logo

Скалони веќе одлучил: Меси ќе биде на клупата

Vecer | 27.06.2026

Скалони веќе одлучил: Меси ќе биде на клупата

фото: FIFA @FIFAcom (X)

Лионел Меси имаше фантастичен старт на Светското првенство. Хет-трик против Алжир и два гола против Австрија, и сега тој е играчот кој постигнал најмногу голови во историјата на Светските првенства.

Сепак, тој нема да има можност да го подобри тој рекорд од почетокот на натпреварот против Јордан. Како што најави селекторот Лионел Скалони на прес-конференцијата пред мечот, тој на стартот вечерва ќе остане на клупата.

„Лионел ќе го започне натпреварот на клупата. Нема да го кажам целиот состав, но нема да започне. Ќе влезе подоцна во натпреварот“, вели Скалони.

Натпреварот на Аргентина против Јордан е на програмата утре изутрина од 4 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk