logo
logo
logo

Сити убедлив на стартот а Пеп се жали: “Не сум задоволен, имаме премногу играчи!“

Vecer | 17.08.2025

Сити убедлив на стартот а Пеп се жали: “Не сум задоволен, имаме премногу играчи!“

ФОТО: Manchester City F.C./FB

Манчестер Сити вчера во рамките на 1.коло во Премиер лигата со 4:0 успеа да го победи Вулверхемптон. И додека сите го фалеа изданието на неговиот тим, како и на дел од новите играчи, секако и двата гола на Ерлинг Халанд, тренерот Пеп Гвардиола истакна дека не е задоволен:

Имаме премногу играчи. На оваа средба Родри, Фоден и Ковачиќ не беа во составот, а Аке и Гундоган беа оставени на клупата. Да, јасно е дека сакам да имам широк ростер, пред нас е цела сезона во сите натпреварувања, но не сакам никој да биде изоставен од тимот. Тешко е да се создаде здрава конкуренција и тимски дух во вакви услови. Во раководството на клубот знаат за ова, но ситуацијата останува непроменета. Во наредните денови ќе разговараме со дел од играчите и нивните агенти за да најдеме излез. Мора да го намалиме играчкиот кадар“ посочи Пеп.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk