logo
logo
logo

Симеоне по поразот од Еспањол: Ова ни беше добра лекција

Vecer | 18.08.2025

Симеоне по поразот од Еспањол: Ова ни беше добра лекција

Фудбалерите на Атлетико (М) синоќа во првиот меч од новата сезона во Ла Лига беа поразени на гостувањето кај Еспањол со 2:1. Тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне по поразот изјави дека ова е едно големо искуство, пред се за него. Атлетико водеше со 1:0, но со пресврт домашните дојдоа до голем триумф.

„Мислам дека ова беше поучно искуство за мене. Нема да кажам сè, но она што го видов на теренот ќе биде лекција за мене. А она што го видовме беше како ги искористија своите шанси: прво од прекин, а потоа го зголемија резултатот на 2-1, што беше удар за нас и ни ги одзедоа шансите за победа или нерешен резултат. Ја контролиравме играта до 60-тата минута, а потоа Еспањол постигна добар гол од прекин. Дотогаш се одеше добро и сакавме да ставиме нови играчи. Резултатот е разочарувачки, но ќе ни помогне да се подобриме и да растеме. Отсега па натаму, ќе се фокусирам на сè што е позитивно. Ќе работиме на направените грешки“, рече тренерот на Атлетико.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk