logo
logo
logo

Шведска остана без еден од најдобрите дефанзивци до крајот на Мундијалот

Vecer | 28.06.2026

Шведска остана без еден од најдобрите дефанзивци до крајот на Мундијалот

Еден од најдобрите фудбалери на шведската репрезентација, Исак Хиен го заврши овогодинешното Светско првенство.

Тој се повреди на натпреварот против Јапонија и одигра само 37 минути од тој натпревар.

Фудбалерот на Аталанта беше стартер на секој натпревар како стопер, а сега мораше да го напушти кампот на шведската репрезентација.

„Сонот се оствари, но заврши прерано за мене. Ви благодарам на сите шведски навивачи кои ме поддржуваа, навистина сте неверојатни. Голема благодарност до момците во тимот и сите околу националниот тим, ова е едно од најубавите искуства што еден фудбалер може да ги има. На моето семејство и блиските пријатели кои секогаш се тука за мене, не можам да опишам колку сум благодарен. Напред Шведска! Ќе се вратам!“, напиша Хиен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk