Како ретко кој, голманот на Тотенхем, Антонин Кински имаше кошмарен меч против Атлетико Мадрид во рамките од осминафиналето од Лигата на Шампионите. Кински прими три гола во само дваесетина минути од кој директен виновник беше за два, правејќи огромни грешки, по што менаџерот Игор Тудор го замени.
Хоророт на Кински го просведочи целиот свет, а тој откако очигледно се смири, и ја преброди почетната криза се јави преку социјалните мрежи.
„Ви благодарам за пораките. Од сон во кошмар и назад во сон. Се гледаме наскоро“, – напиша чешкиот репрезентативец на социјалните мрежи.