logo
logo
logo

Репрезентативец на Србија колабираше на терен!(ФОТО)

Vecer | 12.07.2025

Репрезентативец на Србија колабираше на терен!(ФОТО)

Ужасни вести од Германија. Имено повремениот репрезентативец на Србија, Ерхан Машовиќ, инаку фудбалер на Бохум, денеска на за време на пријателскиот меч со Викторија Плзен, колабирал на теренот.

Сепак според извештајот од самиот клуб, се добро се завршило и тоа благодарение на клупските докктори.

Машовиќ доживеал колапс на белите дробови, но по малиот оперативен зафат се се завршило на најдобар начин.

Благодарение на брзата реакција на медицинскиот тим на клубот, беа избегнати сериозни последици. Со мала хируршка интервенција и поставување торакален дрен, белите дробови повторно беа овозможени за нормална функција. Дијагнозата нè изненади и шокираше. Со вакви повреди, сè друго паѓа во втор план. Ерхан добива најдобра можна медицинска нега и се надеваме дека наскоро ќе може да ја напушти болницата“, објави Бохум на веб-страницата на клубот.

ФОТО: ФЦ Бохум/Х


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk