logo
logo
logo

Распад во Билбао – на удар и Нико Вилијамс, дали ова беше најлошата одлука?

Vecer | 10.08.2025

Распад во Билбао – на удар и Нико Вилијамс, дали ова беше најлошата одлука?

Атлетик Билбао ова лето успеа да го задржи Нико Вилијамс, но тоа е единствената позитивна работа на „Сан Мамес“.

Тимот на Ернесто Валверде се соочува со бројни проблеми пред стартот на новата сезона. За почеток, Алварез е суспендиран поради вообичаена допинг постапка на УЕФА по натпреварот со Манчестер Јунајтед.

Но, потоа почнаа проблемите и на теренот. Екипата на Валверде не покажа дека може да се носи со најсилните тимови, откако доживеа двоен пораз во два меча со Ливерпул, а вчера Арсенал ги совлада убедливо со 3:0.

Атлетик Билбао запиша дури шест порази на седум натпревари во пресезоната. Единствената победа беше против Понферрадина во првиот меч, а потоа следуваа порази од Алавес, ПСВ, Расинг Сантандер, па двапати од Ливерпул и на крај од Арсенал.

Дополнително, првата ѕвезда на тимот, Нико Вилијамс, кој неодамна потпиша договор до 2035 година, се наоѓа во очајна форма.

Вилијамс не успеваше да се надигрува со своите чувари, статистиките покажуваат дека правеше голем број грешки, неуспешни дриблинзи и дека е и физички недоволно подготвен.

Каталонците, очекувано, ликуваат и истакнуваат дека веќе оваа година ќе се покаже дека одлуката на Нико Вилијамс да ја одбие Барселона е една од најлошите во шпанскиот фудбал во последните неколку години…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk