logo
logo
logo

Поразот од Ал-Хилал не е ништо во споредба со ужасната вест која Пеп ја доби после мечот!

Vecer | 01.07.2025

Поразот од Ал-Хилал не е ништо во споредба со ужасната вест која Пеп ја доби после мечот!

Иако се посакуваше титула од СКП, сепак Манчестер Сити е елиминиран уште во осминафиналето во еден спектакуларен меч против Ал – Хилал и тоа 3:4.

Секако дека ова е непријатно за стратегот Пеп Гвардиола, но самиот пораз не е ништо во споредба со ужасната вест која тој на доби после мечот, а тоа е дека Родри повторно се повреди.

Не може полошо од ова. Родри се пожали на повреда и во 53.минута беше заменет. По мечот добив непријатни вести за неговата повреда. Ќе видиме што и како понатаму, откако ќе се направат деталните лекарски прегледи“ посочи разочарано Пеп Гвардиола.

Инаку познато е дека Родри, најдобриот фудбалер на Манчестер Сити ја пропушти цела мината сезона поради скинати лигаменти. Сите едвај го чекаа неговото враќање, а најмногу Пеп, но ете само што се врати во тимот и почна да игра, одново се повреди.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk