Бразил – Мароко 1:1 по првото полувреме од дербито на денот, од првиот меч во групата Ц на СП 2026. Проследивме одлично полувреме, на “Метлајф“ стадионот во Њу Џерси на кој сепак повеќе се очекуваше од фаворитот Бразил.
Од друга страна Мароко одличен, дури и поведе во 21.минута со прекрасниот гол на Саибари по асистенцијата на Диас кога мина како брз воз покрај одбраната на Бразил и успеа да го матира Алисон.
Сепак избраниците на Карло Анчелоти израмнија во 32.минута со голот на Винисиус кога од лево, од негова позиција погоди во спротивниот агол за 1:1.
Да ја споменеме и мајсторијата на Пакета, кој со полуволеј прекрасно шутираше, но голманот Боно во последен момент ја изби топката во корнер.