logo
logo
logo

Полувреме: Англичаните не успеваат да ја “отворат“ Гана!

Vecer | 23.06.2026

Полувреме: Англичаните не успеваат да ја “отворат“ Гана!

ФОТО:facebook.com/EnglandTeam/

Англија – Гана 0:0 е резултатот по првото полувреме од мечот од 2.коло во групата Л во Бостон. Иако избраниците на Томас Тухел пред натпреварот важеа за голем фаворит, посебно по онаа блескаво издание против Хрватска на стартот и победата од 4:2, никако не успеваат да ја “отворат“ борбената Гана.

Да, Англија го имаше поседот, креираше неколку добри акции, но реално без некоја опасна шанса за гол и водство.

Секако дека на Англија и бод одговара, наме да биде лошо, но фановите на оваа селекција очекуваа далеку повеќе од своите миленици.

Со ваква игра Англија нема никакви шанси да дојде до титулата. Гана пак преку Семењо, ѕвездата на Манчестер Сити, се обидуваше опасно да се закани, но сепак на пауза се замина со тие 0:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk