Фудбалерот на Интер, Пјотр Зиелински, откри дека главна цел на тимот оваа сезона е освојување на Лигата на шампионите. Полскиот репрезентативец вели дека настапот против Реал Мадрид во Мадрид им дал дополнителна самодоверба.
„Сонуваме да ја освоиме Лигата на шампионите и ќе дадеме сè од себе“, порача Зиелински.
Иако Интер загуби со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“, Зиелински смета дека неговиот тим покажал дека може да се надигрува со најдобрите.
„Не е мала работа да се оди на Бернабеу и да се доминира, да се има посед и да се создаваат шанси. За жал, загубивме, но покажавме дека сме силни“, додаде тој.
Зиелински ги посочи Рома, Јувентус, Наполи, Милан и Комо како главни конкуренти на Интер во борбата за Скудетото.